Нови докази за постоењето на нова планета во нашиот Сончев систем

Во јануари, Мајк Браун од Калифорнискиот иститут за технологија – астрономот кој го предводеше истражувањето од 2005 година кое го деградираше Плутон во џуџеста планета, објави дека пронашол докази за постоење на огромна планета на крајот на нашиот Сончев систем.

Тој проценил дека хипотетичката „Планета девет“ кружи околу Сонцето во супер издолжена орбита за која се потребни неверојатни 10 до 20 илјади години за да се исполни.

Сега, благодарение на откривањето на нов објект во Кајперовиот појас, кој се однесува навистина чудно, доказите за постоењето на оваа планета се уште посилни.

p9_kbo_orbits_labeled_1_Се проценува дека планетата е 4 пати поголема и 10 пати помасивна од Земјата, што значи дека би требало да има значително гравитациско влијание на помалите објекти кои се наоѓаат во близина. Токму тоа го проучува Браун, заедно со своите колеги.

Уште во јануари тој забележал чудна подреденост на 6 објекти во Кајперовиот појас, а сега е откриен уште еден, 7-ми објект, кој се чини дека е истуркан во чудна орбита од страна на некоја голема сила во близина, на околу 149 милијарди километри од Сонцето. Токму на оваа оддалеченост се проценува дека се наоѓа Планетата Девет, што е всушност 75 пати подалеку од Плутон.

CeV7N2EVIAEq-NI.jpg largeСега, да ја разјасниме ситуацијата. Засега постојат силни докази (чудно однесување на 7 познати објекти во Кајперовиот појас) дека нешто огромно се наоѓа на далечниот крај на нашиот Сончев систем. Дека тоа огромно нешто е всушност огромна планета е добра претпоставка на научниците, но со оглед на огромната оддалеченост од Земјата, не можеме да го потврдиме нејзиното постоење.

Браун допрва треба да ги објави новите откритија, па се додека не се рецензираат мора да ги третираме како првични наоди. Но, без оглед на тоа, ова е многу возбудливо откритие кое треба да го потврди или отфрли постоењето на деветтата планета. Со нетрпение очекуваме да видиме што е следно.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,231од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.