Нови сознанија за лицата кои страдаат од дислексија

Американските истражувачи во најновата студија, објавена во списанието Neuron, ги опишале можните причини за дислексија. Со користење на уред за магнетна резонанца, научниците проучувале како функционира мозокот кај лица кои боледуваат од дислексија, како и кај лица кои немаат проблеми со неа. Резултатите покажуваат дека мозокот кај лицата кои патат од дислексија поинаку ги прима сликите и звуците.

Лицата кои не боледуваат од дислексија можеле одма да ги препознаат зборовите и сликите кои се поновувале во текот на процесот кој се нарекува невролошка адаптација, додека мозокот кај лицата до дислексија имале значително помал степен на препознавање.

Научниците ги изненадил широкиот спектар на влијанија на мозокот кај лицата со дислексија. Се смета дека дислексијата најмогу доаѓа до израз кога лицето чита, бидејќи тоа за него е еден од најтешките задачи.

Еден од научниците кој работел на студијата, Проф. Џон Габриели од МИТ, вели дека на луѓето им е полесно кога една работа ја повторуваат, бидејќи тоа е поврзано со намалување на активноста на мозокот.

“Кога нешто ќе направите еднаш, полесно ќе го направите тоа повторно”, вели Габриели.

Сликите од мозок на лицата со дислексија пак, покажале дека процесот на прилагодување кај нив не е толку ефективен. Нивниот мозок, истата информација секој нареден пат ја доживува како прв пат.

Во разговорот за британскиот Independent, проф. Габриели вели дека постојат различни начини на кои луѓето се борат со читањето, но за оние кои страдаат од дислексија, постои сомнеж дека причината за нивните проблеми се наоѓа во нивниот мозок кој има намалена препознатливост.

За жал, како што кажува Габриели, за целосни резултати ќе треба да се почека, бидејќи техниките кои би се користеле за таа цел, вклучувајќи го и електромагнетното стимулирање на мозокот, се во експериментална фаза.

Треба сепак да напоменеме дека дислексијата не влијае на општата интелигенција и разбирање. Пореметувањето е за прв пат дијагностицирано кај момче од 14 години во 1896, во Британија. Момчето, и покрај тоа што усмено неверојатно се снаоѓало, сепак едвај можело да прочита збор.

За лицата со дислексијачесто се верува дека се глупави и мрзливи, но тоа се само предрасуди на минатото кога недоволно била истражена болеста. Вистината е дека постојат екстремно интелигентни професори, кои патат од оваа болест, а таа не ги спречува да бидат брилијантни на работа, објаснува Габриели.

Поддржете ја нашата работа: