Новото истражување вели дека животот на Земјата започнал пред 4 милијарди години

Карпите во Северна Канада ги кријат трагите на живот пред 3,95 милијарди години, што претставува нов фосилен рекорд и покажува дека животот на Земјата започнал многу порано отколку што досега се мислеше.

Научниците од Универзитетот во Токио дошле до ова откритие анализирајќи го составот на јаглеродните изотопи во седиментните карпи во регионот Лабрадор на североисток од Канада.

Ова откритие го преминува најраниот датум на животот што се појавил на Земјата за уште 150 милиони години. Претходните истражувања велат дека доказите за живот датираат од пред 3,8 милијарди години. Ова било време во историјата кога нашата планета сè уште била тресена од астероиди, познат како Доцниот период на тешко бомбардирање.

„Нашето откритие значително го наруши рекордот за најраниот живот на Земјата. Оваа информација помага во изучувањето на раниот живот и потеклото на животот“, вели Цујоши Комија од Универзитетот во Токио, ко-автор на студијата.

Тимот открил докази за едноставна животна форма со набљудување на графит во внатрешноста на метализирани карпи кои биле загревани или подложени на висок притисок.

Проучувајќи го графитот, истражувачите пронашле докази дека тој е биогенски, што значи дека е произведен од живот. Недостатокот на недоследности помеѓу температурите на графитот и околната карпа сугерира дека ова не е резултат на подоцнежна контаминација.

Научниците уште немаат откриено за кој точно организам станува збор, но возможно е графитот да бил произведен од некој вид на едноклеточен организам кој е способен за фотосинтеза. Сложениот живот најверојатно не се појавил пред околу 800 милиони години, откако фотосинтетичкиот живот ја оксигенирал нашата атмосфера.

„Првата форма на живот можеби имала едноставна морфологија, не се разликувала од неорганските производи“, објаснува Комија.

 

Поддржете ја нашата работа: