Додека луѓето се изначитаа бројни студии и низа од контроврзии за антидепресивите во изминатата деценија, почнувајќи со загриженост дали истите функционираат па се до стравување ефектот од внес на премала или преголема доза, се појави нова обемна студија која бројните дебати ги остави да “одморат”.
Имено, еден меѓународен тим од научници, предводен од Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија спроведе обемна мета-анализа на речиси 120 000 луѓе и нивните искуства за користење на 21 од најчесто препишуваните антидепресиви.
Нивниот заклучок: антидепресивите се ефективни.
“Оваа ригорозна студија потврдува дека антидепресивите имаат важно место при лекувањето на депресијата”, вели д-р Џејмс Ворнер, психијатар на Кралскиот колеџ во Лондон, кој не бил директно вклучен во студијата.
Анализите покажуваат дека дека за да се потврди ефикасноста на лекот потребно е истиот да редуцира повеќе од 50 проценти од симптомите на депресија. Сите 21 видови на антидепресиви покажале дека се поефективни од плацебо при осум неделно користење. Исто така се покажало дека некои лекови се поефикасни од другите. Најефикасните биле агомелатин, амитриптилин, есциталопрам, миртазапин, пароксетин, венлафаксин и вариоксиетин.
Депресијата во последниве години е многу често лошо искуство. Околу 300 милиони луѓе во светот живеат со депресија и таа бројка е во пораст. Исто како и секој проблем со вашето здравје, ментално или физичко, нормално е да се побара помош од лекар за депресија, а за тоа постојат многу ефективни третмани, помеѓу кои се и антидепресивите.
Антидепресивите се меѓу најчесто препишаните лекарства во западниот свет.
Постојат бројни различни форми кои работат на различни начини, меѓутоа, сите тие се вртат околу идејата за зголемување на нивото на невротрансмитери како серотонин и норадреналин. Додека ова истражување беше широко приватено и доста ценето, други луѓе сметаат дека антидепресивите не се неопходно решение за еднократна употреба.
“Ова е истражување е со добар квалитет и заклучоците се поткрепени со веродостојни податоци”, додава професорот Алан Јанг од Кралскиот колеџ во Лондон, Институтот за психијатрија, психологија и неврологија.
Сепак, треба да бидеме свесни дека овие наоди се однесуваат само на големи депресивни нарушувања и се пресметани само од податоците на групата, па индивидуалните пациенти може значително да се разликуваат во нивните одговори.