Одбрани најдобрите фотографии на дивината за 2015 година

Фотографиите ќе бидат изложени во Природонаучниот музеј во Лондон на 16 октомври.

Ова се нашите фаворити:

Победник е оваа фотографија на црвена лисица која јаде помала арктичка лисица во Кејп Черчил, Канада.

Фотограф: Дон Гутоск

Мршојадци ги јадат останките од зебра.

Фотограф: Чарли Хамилтон Џејмс

Масакар на еднодневки. Откако овие инсекти ќе ја завршат својата метаморфоза покрај реката Ебро во северна Шпанија, милијарди од нив се собираат под уличните светилки барајќи партнер за парање. Милиони од нив ги положуваат своите јајца на патот, мислејќи дека тоа е коритото на реката.

Фотограф: Хозе Антонио Мартинез

Панголин – животното кое ловците најмногу го ловат во јужна Африка.

Фотограф: Тристан Дикс

Кубански крокодил кој тукушто влегол во водата.

Фотограф: Мирко Зани

Пар чурилкари се парат на падините на вулканот Тунгурауа, Еквадор.

Фотограф: Хавиер Анзар Гонзалес де Руеда

Антилопа (oryx) бара вода во Намибија, во близина на границата со Ангола.

Фотограф: Сергеј Горшков

Фоки пливаат низ рој медузи на западниот брег на јужна Африка. Овој вид на медузи (box jellyfish) се многу отровни и се распространија во текот на последниве години, како резултат на климатските промени и прекумерниот рибилов.

Фотограф: Томас П. Пешак

Генет – ноќен ловец кој живее во Африка и југоисточна Европа.

Фотограф: Марк Албиак

Речна пастрмка во Норвешка, фотографирана на есен. Оваа риба се мрести во текот на ноќта за да ги избегне предаторите, како на пример орлите, во текот на денот.

Фотограф: Один Рикардсен

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.