Официјално имаме нов Периоден систем на елементите

Во 2017 година ќе влеземе со сосема нов Периоден систем на елементите, бидејќи сега четири нови елементи официјално се додадени во седмиот ред – нихониум (Nh), московиум (Mc), тенесин (Ts) и оганесон (Оg).

За овие четири нови елементи слушнавме уште од јануари кога научниците го објавија нивното откривање, и потоа повторно во јуни кога беа предложени нивните имиња, но сега Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија објави дека конечно нивните имиња се официјално одобрени.

„По пет месечената јавна ревизија, имињата кои претходно беа предложени од научниците се одобрени од Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија“, објави организацијата.

Така, тие ги носат следниве имиња:

 

 

  • нихониум со симбол „Nh“, за елементот Z = 113,
  • московиум со симбол „Mc“, за елементот  Z = 115,
  • тенесин со симбол „Ts“, за елементот  Z = 117, и
  • оганесон со симбол „Оg’“, за елементот  Z = 118.

Новата верзија на Периодниот систем може да ја преземете од веб страницата на Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија, а интересни дизајни може да пронајдете и на „Science Notes“.

Поддржете ја нашата работа: