Четири нови елементи во периодниот систем!

Официјални претставници на Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија го потврдија откривањето на четирите нови елементи – 113, 115, 117 и 118, велејќи дека сега има доволно докази за овие елементи да добијат свое постојано место во периодниот систем на елементи, со што се комплетира седмиот ред.

Досега, тие имаа привремени имиња и места во седмиот ред на периодниот систем, па така 113 беше познат како унунтриум (Uut), 115 како унунпентиум (Uup), 117 како унунсептиум (Uus), и 116 како унуноктиум (Uuo). Ова, исто така, значи и дека на овие елементи им се потребни нови официјални имиња.

periodic-table_wikimedia-Diep-1024x561

Овие елементи не се наоѓаат во природата, туку се синтетички и може да се произведат само во лабораторија. Поради тоа што се распаѓаат екстремно брзо – за само неколку секунди, нивното постоење беше тешко да се потврди. Сега, Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија соопшти дека тим на јапонски, американски и руски научници успеале да ги исполнат критериумите за докажување на постоењето на овие елементи и се поканети да предложат постојани имиња и симболи за истите.

Организацијата советува дека елементите може да бидат именувани по митолошки концепт, минерал, место или земја, некое својство или пак некој научник и истите ќе бидат презентирани во јавноста 5 месеци пред да се донесе конечната одлука.

Додека извештаите за елементите 115, 117 и 118 се’ уште не се објавени, деталите за откривањето на елементот 113 се објавени во „Journal of Physical Society of Japan“.

Поддржете ја нашата работа: