Откриен исклучително редок виолетов дијамант во Австралија

Во рудникот за дијаманти Аргајл, кој се наоѓа во областа Кимберли, Западна Австралија, е пронајден неверојатно редок виолетов дијамант.

Рудникот за дијаманти Аргајл, кој е во сопственост на австралискиот рударски гигант Рио Тинто, обезбедува 90 проценти од сите розеви и виолетови дијаманти во светот. Овие живописни камчиња чинат во просек 50 пати повеќе од белите дијаманти и може да постигнат продажна цена и од 1 милион долари по карат.

Виолетовиот Аргајл – како што е наречен, кога бил откопан тежел 9,17 карати, но после обработката е сведен на 2,83 карати.

diamond-violet-rare-afp-0305Колку се ретки ваквите дијаманти зборува фактот што во својата 32-годишна работа, компанијата Рио Тинто има произведено само 12 карати полирани виолетови дијаманти.

Од друга страна, белите дијамнти кои се најчесто продаваните дијаманти, всушност не се многу ретки. Како што пишува Том Зелнер за „The Washington Post“, светскиот пазар на дијаманти е толку силно контролиран од јувелирските компании што тие вештачки создаваат недостаток од овие дијаманти, со цел да ја подигнат нивната цена.

Но, кога се работи за виолетовите дијаманти, состојбата е сосема поинаква. Според аналитичарот за дијаманти Пол Зимниски, во 2015 година биле произведени над 135 милиони карати дијаманти, што претставува 14 милијарди долари вредна индустрија. Кога ќе се спореди ова со само 12-те карати виолетови дијаманти кои се видени во последните три децении, станува многу појасно колку всушност е исклучителен овој виолетов дијамант од Аргал.

724767-01-02Што се однесува до тоа на кој начин се формираат овие обоени дијаманти, научниците не се потполно сигурни, но генералниот став е дека во процесот на минерализација доаѓа до навлегување на надворешни честички што предизвикува нормално белите дијаманти да ја променат бојата на молекуларно ниво.

Виолетовиот Аргајл ќе го заземе централното место на овогодинешната изложба на Рио Тинто, што ќе патува во различни градови во јуни 2016 година.

Поддржете ја нашата работа: