Откриен метеорит стар 4,5 милијарди години

Фрагмент од метеорит за кој се верува дека е постар од планетата Земја е откриен во Австралија. Уште на 27 ноември 2015 година е забележан на небото над Јужна Австралија од страна на „Desert Fireball Network“ – серија поврзани дигитални камери кои го набљудуваат небото и бараат траги од метеорити, а потоа на 29 декември започнал процесот за неговото лоцирање, за кое биле потребни 32 камери, сложени географски пресметки, едно беспилотно летало, двајца истражувачи и многу среќа.

После три дена потрага, бил пронајден камен од 1,7 кг. на околу 42 см. под површината на земјата. Доколку истражувачите задоцнеле неколку дена, поради обилните дождови трагите целосно би исчезнале, каменот би се изгубил и би било невозможно да се пронајде.

outback-meteor_1024

Според истражувачите, метеоритот е околу 4,5 милијарди години стар, што е приближно на возраста на самата Земја. Ова е возбудливо геолошко откритие што би требало да ни открие нешто повеќе за потеклото на Универзумот. Истражувачите сметаат дека потекнува некаде помеѓу Марс и Јупитер и сега ќе започнат со негово детално проучување.

Поддржете ја нашата работа: