Откриени фосили на античкиот Моби Дик

Научниците од Природонаучниот музеј на Институтот Смитсонијан во Вашингтон, велат дека фосилите откриени во 1909 година во Санта Барбара, Калифорнија, кои со децении се погрешно класифицирани дека припаѓаат на група исчезнати моржови, се всушност остатоци од еден страшен кит кој пливал во Тихиот Океан пред 15 милиони години, во периодот Миоцен.

Тие го нарекле „Albicetus“, што значи „бел кит“, според чудовиштето од романот „Моби Дик“ на Херман Мелвил, каде се опишува опседнатоста на капетанот Ахаб со огромниот бел кит.

„Albicetus“ бил околу шест метри долг и веројатно тежел околу пет тони. Тој е далечен роднина на денешните китови, но помал – денешните китови достигнуваат големина и до 18 метри. Најстариот познат ваков кит живеел пред 25 милиони години.

Неговите големи конусни заби и вилици биле со многу поцврста градба од тие на денешните китови, што укажува дека „Albicetus“ бил многу понасилен. Тој веројатно бил хипер-месојад и се хранел првенствено со другите морски цицачи, како помали китови и фоки. Ваквиот начин на исхрана не е својствен за модерните китови, освен за китот убиец. Модерните китови се хранат главно со лигњи.

7015880-3x2-700x467

Овие китови се познати по својата глава во облик на блок во која се наоѓа дел познат како спермацети орган, за кој се смета дека игра улога во создавањето на звук кој се користи за пронаоѓање на плен. Обликот на черепот на „Albicetus“ укажува дека овој орган бил многу помал со што челото му било помалку испакнато.

Гломазните фосили од черепот, вилиците и забите во 1925 година првпат ги опишал палеонтологот од Смитсонијан, Ремингтон Келог, но оттогаш не било направено прецизно испитување.

Келог знаел дека се работи за кит, но несвесно му го дал нучното име „Ontocetus“, што е име за една група изумрени моржови.

Истражувањето е објавено во списанието „PLoS ONE“.

Поддржете ја нашата работа: