Ова е изненадувачки, бидејќи, фосилите на раниот човек обично не се волку богати – научниците обично наоѓаат по неколку расфрлани остатоци.
Бројот на коските и нивната локација укажуваат на нешто уште поизненадувачки – се чини дека тие намерно се оставени во пештерата (која можеби им претставувала гробница) – однесување што претходно не е забележано кај примитивните луѓе.
Во пештерата има уште илјадници фосили, но и она што е откриено досега е извонредно. Коските припаѓаат на вид со уникатна мешавина на карактеристики – карлицата и рамената наликуваат на „Australopithecus“ кој се појавил во Африка пред 4 милиони години и се смета за предок на „Homo“, стапалата наликуваат на нашиот вид кој се појавил пред само 200 илјади години, исто како и черепот, иако мозокот е многу помал и повеќе наликува на видовите на „Homo“ кои живееле пред 2 милиони години.
Иако не личи многу на нас, карактеристиките на черепот, рацете и забите покажуваат дека му припаѓа на нашиот вид. Научниците го нарекоа „Homo naledi“.
Анатомијата сугерира дека е еден од најраните членови на нашиот род, но научниците се’ уште не знаат колку се стари коските.