Откриени остатоци на огромно морско чудовиште во Шкотска

Во Шкотска се откриени остатоци на 170 милиони години стар диносаурус од ерата Јура, кој е наречен „Storr Lochs Monster“.

Ова морско чудовиште долго 4 метри е воден рептил со зашилена уста и припаѓа на фамилијата на големи морски рептили – Ихтиосаури кои најверојатно изумреле кратко време пред диносаурусите.

Фосилните остатоци биле чувани неверојатни 50 години во Националниот музеј на Шкотска, но немало доволно стручни лица за да ги анализираат и едноставно биле складирани и занемарени, се досега..

Овие фосили првично биле откриени во 1966 година од страна на Нори Гилис на шкотскиот остров Скај. Според Мајкл Грешко од „National Geographic“, тие претставуваат најкомплетните фосили од морски рептил од периодот Јура кои што некогаш се пронајдени во земјата.

Истражувачите се надеваат дека овој фосил ќе им помогне да разберат зошто умрело ова суштество, како и зошто волку големи морски рептили изумреле во средината на периодот Јура.

02_sea_monster-ngsversion-1473094257420-adapt-885-1

Се чини дека постојат и поголеми, пострашни и пофасцинатни чудовишта од митот за Неси – чудовиштето од Лох Нес. Ова вистинско чудовиште навистина живеело на територијата на Шкотска пред 170 милиони години.

Истражувањето треба да се објави по анализите, а фосилите на ова суштество се изложени во Националниот музеј на Шкотска.

Поддржете ја нашата работа: