Отпорноста на антибиотици ќе го достигне својот врв во 2017 година

Научниците велат дека во 2017 година многу повеќе луѓе може да почнат да умираат од бактериски инфекции, како резултат на отпорноста на антибиотици.

Како што отпорноста на антибиотиците станува се поголема, болестите од типот на гонореја, па се до инфекциите на уринарниот тракт, стануваат неизлечливи, а оваа ситуација се очекува да се влоши бидејќи следната година се очекува отпорноста на антибиотиците да го достигне својот врв.

„Ќе стигнеме до точка каде што повеќе антибиотици ќе се конзумираат од страна на животните на фармите, отколку од луѓето“, вели Марк Вулхаус од Универзитетот во Единбург, Велика Британија.

Ова значи дека ќе има се повеќе бактерии отпорни на антибиотици, што би можело да претставува голема закана за човекот.

Користењето на антибиотици во земјоделството е долго познат ризик за здравјето на човекот, но сега конечно опасноста е прифатена, според Организацијата за храна и земјоделство на ОН.

Генералното собрание на ОН ги повика земјите да охрабруваат правилна употреба на антибиотиците, но се’ уште нема конкретни мерки, како на пример забрана на употребата на антибиотици за да се забрза растот на добитокот, наместо за борба против инфекции, што воедно е и една од причините за зголемување на отпорноста на антибиотиците.

Организациите повикуваат на промена, но сепак за да се постигне одреден напредок прво треба да се пронајдат начини како да се задржи здравјето на животните, особено во сиромашните земји.

Поддржете ја нашата работа: