Овошјето и зеленчукот не прават посреќни

Сите ние сме свесни дека јадењето на овошје и зеленчук може да не направи поздрави, но според едно ново истражување и посреќни!

Новото истражување пронајде докази кои покажуваат дека зголемената дневна количина на овошје и зеленчук може да има директно, позитивно влијание врз расположението. Тимот се надева дека пронајдоците може да бидат доволни да помогнат при мотивирањето на пребирливите луѓе да додадат повеќе „зеленило“ во својата исхрана.

Истражувачите од Универзитетот Варвик во Англија се здружиле со научниците од Универзитетот Квинсленд од Австралија за подобро да ги проучат ефектите од јадењето на зеленчук и овошје и ја следеле храната и дневното расположение на повеќе од 12.000 случајно избрани лица кои учествувале во една анкета за домаќинството, приходите и динамичниот труд во Австралија од 2007, 2009 и 2013 година.

Тимот ги прилагодил податоците за прашањата кои можат да влијаат на животното задоволство, како што се промените во приходот и личните околности. Како дел од истражувањето, од волонтерите било побарано да го документираат нивното неделно конзумирање на овошје и зеленчук и нивното целокупно животно задоволство. Нивните одговори се споредувале со текот на годините за да се види дали има некаква поврзаност помеѓу исхраната и животното задоволство.

Резултатите покажале дека зголеменото конзумирање на овошје и зеленчук ја зголемува среќата, животното задоволство и благосостојбата. Според истражувањето, луѓето кои скоро воопшто не јаделе овошје и зеленчук и започнале да јадат до 8 порции дневно имале покачено животно задоволство еквивалентно на преминување од невработеност во вработеност.

Истражувачите не се доволно сигурни зошто јадењето овошје и зеленчук ги прави луѓето посреќни, но сугерираат дека може да е поврзано со антиоксидансите кои се наоѓаат во поздравата храна.

На пример, едно истражување од 2012 година открило дека индивидуи со поголемо ниво на антиоксиданси, познати како каротеноиди, имаат тенденција да бидат пооптимистични за иднината. Каротеноидите се пигменти кои ја даваат бојата на одредени овошја и зеленчуци и можат да се пронајдат во морковите, дињите, слаткиот компир и во кељот.

За жал, голем недостаток на оваа студија е фактот што истражувачите само еднаш го измериле нивото на картеноиди и оптимизам кај волонтерите. Па поради ова, научниците не можат да заклучат дали јадењето овошје и зеленчук ги прави луѓето поголеми оптимисти или пак луѓето оптимисти едноставно јадат повеќе овошје и зеленчук.

160710094239_1_900x600

„Јадењето овошје и зеленчук очигледно ја зголемува нашата среќа многу побрзо отколку што го подобрува здравјето“, вели коавторот на студијата д-р Ендрју Освалд во неодамнешната изјава. „Мотивацијата на луѓето да јадат здрава храна е намалена поради фактот дека за здравствените придобивки, како што е заштитата од одредени болести, потребно е многу време“.

Како и да е, формирање на јавност која јаде овошје и зеленчук е полесно да се каже отколку да се направи. На пример, од еволутивна гледна точка, ние повеќе ја сакаме „високо калоричната храна“ како што е брзата храна бидејќи тоа ни помага да го обезбедиме нашиот опстанок.

Кога ќе го споиме овој природен инстинкт за високо калорична храна со парите и напорот кој е потребен за да се подготви свежата храна, ни станува јасно зошто многумина од нас не успеваат да го задоволат здравиот режим на исхрана – околу пет до седум порции овошје и зеленчук. Но сепак, истражувачите се надеваат дека овие наоди ќе не мотивираат да се исхрануваме поздраво, ако не за нашето физичко здравје, тогаш барем за нашата ментална состојба.

Истражувањето е објавено во American Journal of Public Health“

Поддржете ја нашата работа: