Печурки што светат во темница

Според новото истражување, печурките ја развиле оваа способност за да ги привлекуваат инсектите кои пак можат да им помогнат при ширењето на спорите, со што печурките полесно би се размножувале.

Тимот на бразилски и американски истражувачи ја истражувал зелената светлина која ја емитуваат печурките „Neonothopanus gardneri“ кои најчесто може да се најдат на дното на кокосовите палми во Бразил. Претходно, научниците сметале дека тие постојано емитуваат светлина како нуспроизвод на некој метаболички процес, но сега откриле дека тие светат само ноќе, па така всушност ефикасно ја користат енергијата, бидејќи во текот на денот светлината би била премногу слаба за да се види. Ако светат само ноќе, тогаш биолуминисценцијата мора да има одредена цел.


За да ја одредат таа цел, научниците направиле експериментални печурки од акрилна смола и биле опремени со диоди кои емитуваат светлина на слична бранова должина како и печурките. Светлината привлекла голем број на инсекти, па така научниците откриле дека тие им помагаат на печурките при разнесувањето на спорите, во случаи кога нема ветер.

Истражувањето е објавено во „Current Biology“.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,515денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.