Податоците од „CERN“ достапни за сите

„CERN“  го стартуваше порталот за отворени податоци, со што податоците од вистински судири предизвикани при експерименти со „LHC“ за прв пат се достапни за јавноста.

„Податоците од програмата на „LHC“ се меѓу најскапоцените средства на експериментите со „LHC”, вели генералниот директор на „CERN“, Ролф Хеуер. „Се надеваме дека овие отворени податоци ќе го поддржат и поттикнат глобалното истражување, вклучувајќи ги и студентите и граѓаните.

Првите важни податоци за колизијата се добиени од експериментот со „CMS“ и првично беа собрани во 2010 година во текот на првите истражувања со „LHC“. Софтвер со  јавен код за читање и анализа на податоци е исто така достапен, заедно со соодветната документација.

“Ова е нешто ново и ние сме љубопитни да видиме како податоците ќе бидат повторно искористени”, вели координаторот за задржување на податоци од „CMS“. „Подготвивме алатки и примери со различни нивоа на сложеност, почнувајќи од едноставни анализи па се до интернет апликации спремни за употреба. Се надеваме дека овие примери ќе ја стимулираат креативноста на надворешните корисници”.

Паралелно со ова, порталот за отворени податоци на „CERN“ дава пристап до дополнителни податоци за настаните од соработката со „ALICE“, „ATLAS“, „CMS“ и „LHCb“,   кои беа подготвени за образовни цели. Ресурсите се придружени со алатки за визуелизација.

Податоците се достапни на OpenData.cern.ch.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,236од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.