Поглед во Колманоскоп – напуштениот град проголтан од пустината

Во Намибиската пустина во јужниот дел на Намибија се наоѓа еден град на духови, познат како Колманскоп. Овој град некогаш бил дом на приближно 1.000 рудари и нивните фамилии, но денес само туристи можат да влезат внатре и тоа само ако имаат соодветна дозвола.

1Приказната за ова место потекнува од 1908 година, кога еден работник по име Захариј Левала пронашол светкав камен и му го покажал на својот претпоставен. Тој го видел каменот и сфатил дека оваа област е богата со дијаманти. Овие вести набрзо се прошириле и голем број на германски рудари мигрирале во оваа област и почнале да се населуваат заедно со своите фамилии. Германската влада ја нарекла оваа област со дијаманти „Sperrgebiet” или „Забранетата зона“.

Наскоро градот просперирал поради огромното богатство на првите рудари. Во градот имало болница, сала за танц, трафостаница, училиште, базен, казино, па дури и куглана. Исто така бил и првиот регион во Јужна Африка кој имал рентген машина.

Но, до крајот на Првата светска војна, полето со дијаманти се исцрпело и до 1954 година градот бил целосно напуштен. Напуштените домови денес се полнат со песок.

23Австралискиот фотограф Ема МекЕвој го посетила овој град, односно она што е останато од овој град, во ноември 2015 година и направила навистина неверојатни фотографии на празните домови исполнети со песок. Погледнете!

467891011

Поддржете ја нашата работа: