Истражувачите од Универзитетот во Алабама, предводени од Стефан Хамилтон, тврдат дека опаѓањето на мразот на поларните мориња, како резултат на промените во климата, ќе доведе до промена на морските екосистеми. Поларните мечки се многу чувствителни на ваквите промени. Повеќеслојниот мраз кој се заменува со едногодишен, како и периодите без мраз, ќе доведат до значително намалување на срeдината од каде што мечките наоѓаат храна, со што ќе се загрози и нивниот опстанок.
Истражувањата се правени врз основа на проекциите за состојбата на мразот на морињата на Канадскиот арктички архипелаг, (Canadian Arctic Archipelago)за периодот од 2006-2100 година, за да ја креираат сликата за тоа каков ќе биде животот на овие животни до крајот на 21-от век.
Истражувачите велат дека ако климатските промени продолжат со вообичаеното темпо, поларните мечки во овој архипелаг, до крајот на 2100-та година ќе се соочат со изгладнување и проблеми во репродукцијата. Во тој период, мечките ќе се најдат во ситуации кога од 2 до 5 месеци нема да има мраз, на места каде што сега тоа не е случај.
Според ова, ако климатските промени се движат како до сега, предвидувањата на истражувачите се дека една десетина од популацијата на поларните мечки, како и една четвртина од нивната глобална популација, ќе се соочат со значителен губиток на своите живеалишта.