Портрет на нашиот Сончев систем

Запознајте го нашето планетарно семејство! Овие фасцинантни слики се направени од  многубројните вселенски мисии во последните децении.

ПредходнаСледно

11 Сонцето

Во центарот на нашиот планетарен систем се наоѓа нашата локална ѕвезда – Сонцето. Тоа е тип Г ѕвезда, каде се одвива процес на фузија на водород и хелиум во нејзиното јадро на температура повисока од 16.000.000 степени Целзиусови.

Сликата е направена на 10 октомври 2015 година од Опсерваторијата за соларна динамика на НАСА.

Темните области на врвот од сончевиот диск претставуваат коронални дупки, региони каде магнетното поле е отворено кон меѓупланетарниот простор и во вид на јак соларен ветер излегува од Сонцето.

1. Сонцето

22 Меркур

Меркур е најблиската планета до Сонцето со орбитален период од околу 88 земски денови во необично елипсоводно движење. Се врти околу својата оска три пати за секои два орбитални периоди околу Сонцето.

Оваа слика е направена од леталото „Месинџер“ на НАСА што беше првата сонда што влегла во орбитата на Меркур на 18 март 2011 година. (Вистинскиот лик на Меркур – одлична огромна статија на енаука.мк )

2. Меркур

33 Венера

Венера и Земјата често се нарекуваат сестрински планети, бидејќи се со приближно иста големина и слично орбитираат околу Сонцето.

Сепак постојат големи разлики помеѓу двете планети. Меѓу другото, атмосферата на Венера е исполнета со јаглероден диоксид, температурата е доволно висока да може да истопи олово, површинскиот притисок е сто пати повисок од Земјата, а облаците во атмосферата на Венера содржат капки од сулфурна киселина.

Радарските слики направени од леталото „Магелан“ на НАСА помеѓу 1990 и 1994 година и надополнети со податоците од Проектот Пионир Венера од 1978 година, покажуваат што се наоѓа под дебелиот слој од облаци на планетата.

Боите се врз база на сликите добиени од леталата Венера 13 и 14 во времето на Советскиот Сојуз кои слетале на Венера во мај 1982 година.

3. Венера

44 Земјата и Месечината

Нашата планета Земја е единствената планета за која се знае дека има живот.

Оваа слика е направена на 16 јули 2015 година од „DISCOVR“ (Deep Space Climate Observatory) на НАСА и снимена е од далечната (темната) страна на Месечината (Темната страна на месечината-енаука.мк).

На оваа страна на Месечината која не е видлива од Земјата, ги нема големите темни базалтни рамнини наречени лунарни мориња што и го даваат карактеристичниот изглед на Месечината кога се гледа од Земјата.

4. Земјата и Месечината

55 Марс

Црвената планета Марс некогаш била топло влажно место со густа атмосфера, реки, езера и океани кои главно ја покривале северната хемисфера. Но, кога магнетното поле на планетата исчезнало пред милијарди години, соларните ветрови го збришале поголемиот дел од атмосферата, претварајќи ја планетата во смрзната сува пустина.

Сликата е составена од 102 снимки направени од орбитерот „Викинг“ на НАСА во текот на 1970-тите години. Таа ја прикажува најголемата геолошка карактеристика на планетата Долината Маринер – 4 000 км. долг и 8 км. длабок кањонски ситем.

Западно (лево на сликата) може да се видат и три кратера на вулканското плато Тарсис.

5. Марс

66 Церера и главниот астероиден појас

Џуџестата планета Церера е најголемиот објект во главниот астероиден појас составен од минорни планети и неправилни тела кои орбитираат околу Сонцето помеѓу Марс и Јупитер. Многу од астероидите и метеорите кои се приближуваат или повремено ја удираат Земјата, доаѓаат од овој појас.

Кога е откриена во 1801 година Церера се сметала за планета, но во 1850 година е рекласифицирана како астероид кога се откриени многу објекти во слични орбити. Церера повторно е рекласифицирана овој пат во џуџеста планета, откако и Плутон беше деградиран како џуџеста планета во 2006 година.

Сликата на која се гледа грубата сива површина на Церера и мистериозните светли точки е снимена од сондата на НАСА „Зора“(Dawn) која сега ја проучува Церера.

6. Церера и главниот астероиден појас

77 Јупитер

Јупитер е гасна планета. Иако неговата маса е еден илјадити дел од масата на Сонцето, Јупитер е 2,5 пати помасивен од сите други планети во нашиот Сончев систем.

Оваа спектакуларна слика која го покажува Јупитер и една од неговите месечини Ио, е снимена од леталото „Нови хоризонти“ на НАСА во јануари 2007 година.

7. Јупитер

88 Сатурн

Величествениот Сатурн со својот систем на прстени се смета за најпрекрасното вселенско тело.

Сатурн е планета со најмала густина во Сончевиот систем и теоретски би плутал во вода ако се стави во доволно голема површина на вода.

Оваа воодушевувачка слика во природните бои на оваа џиновска гасна планета и нејзините прстени е креирана од снимките направени кратко време откако летлото „Касини“ на НАСА почна да го набљудува Сатурн кога тој влезе во рамноденица на 11 август 2009 година.

Речиси секоја недела откако орбитира во неговиот систем од јули 2004 година, леталото Касини испраќа слики од Сатурн, неговите месечини и прстени.

8. Сатурн

99 Уран

Ледениот џин Уран е уникат во Сончевиот систем бидејќи орбитира околу Сонцето наведнат „на страна“, следејќи една прастара колизија што се случила пред милијарди години. Заради екстремното аксијално навалување, сезонските промени на Сатурн се сосема различни од другите планети.

Оваа слика од Уран е направена од леталото „Војаџер 2“ на НАСА во 1986 година.

9. Уран

1010 Нептун

Нептун е најоддалечената планета во Сончевиот систем и е првата планета која е откриена преку математичка пресметка, а не преку опсервација.

Ветровите во атмосферата на Нептун се најбрзи во Сончевиот систем и достигнуваат брзина од 2.400 км. на час и создаваат многубројни бури.

Оваа слика од Нептун е направена од „Војаџер 2“, во август 1989 г. и на неа се гледа Големата темна дамка која претставува антициклонска бура. На западниот дел исто така се забележува фигура од бели облаци – Скутер и уште една, циконска бура позната како Мала темна дамка.

10. Нептун

1111 Плутон и Кајперовиот појас

Џуџестата планета Плутон е најголемото познато тело во Кајперовиот појас – голем прстен од комети кој орбитира околу Сонцето позади Нептун.

Плутон и неговата најголема месечина Харон формираат бинарен систем, орбитирајќи заедно околу еден центар на гравитација.

После патувањето кое траеше речиси цела деценија и поминати над пет милијарди километри, леталото „Нови Хоризонти“ на НАСА засекогаш го промени нашиот поглед на Плутон со сликите како оваа, во висока резолуција и со речиси природните бои на Плутон, снимена на 14 јули 2015 година.

11. Плутон и Кајперовиот појас
ПредходнаСледно