После деценија на брз пораст, конечно стагнира емисијата на CO2

За неколку дена, светските лидери ќе се состанат во Париз да потпишат нов меѓународен договор за климатските промени, чија цел е задржување на глобалното затоплување под 2 степени Целзиусови. И покрај тоа што повеќето податоци за кои ќе се дискутира не се баш охрабрувачки, сепак, барем еден ден дел од новото истражување за животната средина дава надеж дека човечките активности во врска со климатските промени имаат силен ефект.

После деценија на брз раст на емисиите на CO2 на глобално ниво, може да се забележи стагнација на емисиите во минатата година и покрај тековниот раст на светската економија, се вели во извештајот на Заедничкиот центар за истражување на Европската комисија.

Според последните проценки, емисиите на CO2 во 2014 година речиси потполно стагнираат, со зголемување од само 0,5 проценти во споредба со износот во 2013 година. Стагнацијата се забележува во последниве години, после порастот од само 1,5 проценти во 2013 и 0,8 проценти во 2012 година.

За споредба, емисиите на CO2 на глобално ниво пораснале во просек за 4 проценти во текот на изминатата деценија, така што, ова намалување се проценува како извонредно  достигнување. Но, научниците кои го изготвиле извештајот тврдат дека е рано да се каже дека ова очигледно намалување претставува статистички тренд, нагласувајќи дека работите се сѐ уште во развој, како и дека ова намалување не се забележува во сите земји.

Во однос на ова, особено се издвојува Индија, каде емисијата на CO2 се зголемила за 7,8 проценти, што ја става на четврто место на најголеми загадувачи. Загрижувачки се исто така и новите бројки добиени од Кина, што укажале на грешки во претходните податоци. Ова значи дека биле емитувани речиси една милијарда тони CO2  годишно повеќе отколку што претходно беше обелоденето (за среќа, во новиот извештај земени се предвид ревидираните податоци.)

Важно е да се напомене дека глобалните податоци што ги содржи извештајот, првенствено се земени од  извештаите за јаглеродните емисиите предизвикани од  активности како што се согорувањето на фосилните горива и производството на електричка енергија, а не се вклучени другите фактори , како што се намалувањето на шумите, шумските пожари и слично.

Но, бројките кои ги прикажуваат емисиите како последица на човековите активности се охрабрувачки. Во 2014 година потрошувачката на енергија од фосилни горива во светот се намалила, со што вкупната емисија на CO2 се задржала на 35,7 милијарди тони. Намалување на емисијиите е забележено речиси во сите земји од Европската Унија, како и во Јапонија, Русија и Австралија.

Од четирите најголеми загадувачи – Кина, САД, ЕУ и Индија, кои заедно продуцираат повеќе од две третини (61 процент) од емисиите на CO2 на глобално ниво, само во ЕУ е забележано намалувње на емисиите, иако, вреди да се напомене дека САД и Кина бележат многу мал пораст.

Иако, за ова сѐ уште никој не вели дека е тренд на намалување, секако е многу попозитивно отколку бројките од поголемиот дел од овој век.

„Она што знаеме е дека многу високата стапка на пораст на емисиите на CO2, во просек 3 проценти годишно, забележана во годините од 2003 до 2011, дефинитивно е запрена во годините потоа (за речиси 4 проценти годишно, ако се изземат годините на глобалната рецесија 2008 и 2009), со оглед на тоа дека просечното глобално ниво на раст во периодот од 1980 до 2002 година бил 1,2 проценти годишно“ – се вели во извештајот.

Поддржете ја нашата работа: