Постарите мајки имаат поголеми здравствени ризици

Според едно ново истражување, бременоста во подоцнежните години се поврзува со одредени здравствени ризици, кои меѓудругото може да вклучуваат срцев и мозочен удар.

Истражувањето, предводено од Институтот за мозочен удар „Зинат Куреши“ во Минесота, открива дека жените кои родиле дете по 40-тата година имаат поголем ризик за срцев и мозочен удар подоцна во животот.

На истражувачите веќе им е познато дека постарите жени имаат повеќе здравствени проблеми за време на брменоста, но сега покажуваат дека последиците од таа подоцнежна бременост може да се протегаат со години подоцна.

Истражувачите анализирале податоци од едно истражување на 72 илјади жени на возраст од 50 до 79 години кое траело цели 12 години. Ова долгорочно истражување се фокусирало на спречување на срцевите болести, ракот на дојка и на дебело црево, како и појавата на остеопороза кај постменопаузални жени.

Од нив, 3.300 останале бремени по 40-тата година и ризикот за срцев удар им се зголемил за 2,5 до 3%. Речиси 4% од постарите мајки подоцна во животот имале мозочен удар, во споредба со само 2,4% од оние кои зачнале на помлада возраст. Покрај тоа, постарите мајки имале 3,9% ризик за смрт од кардиваскуларни болести, во споредба со 2,9%  од оние помладите.

Претходни истражувања ја поврзувале бременоста по 35-тата година со зголемен ризик за развој на гестациски дијабетес и висок крвен притисок. Некои истражувања дури сугерираат дека жените на 40-тата година имаат 145% поголеми шанси за дете со аутизам, токолку оние помладите. Но, спеак според Центарот за контрола и превенција на болести, многу жени ја одложуваат бременоста до своите 40-ти години.

Затоа истражувачите предупредуваат дека жените со подоцнежна бременост треба да бидат свесни за зголемениот ризик и да преземат мерки за да го подобрат своето здравје. А докторите треба да продолжат да ја надгледуваат нивната состојба со цел да спречат потенцијални срцеви или мозочни удари подоцна во животот.

Истражувањето беше презентирано на Меѓународната конференција за мозочен удар 2016 која се одржа во Лас Вегас.

Поддржете ја нашата работа: