Повеќе секс, поголеми приходи?

Од истражувањето на 7 500 луѓе, тој открил дека работниците кои имаат секс 2-3 пати неделно заработуваат во просек 4,5% повеќе отколку работниците кои имаат секс поретко. Насоката на каузалноста се’ уште не е јасна (дали луѓето имаат повеќе секс, бидејќи тие прават повеќе пари или обратно).

Методологија на истражувањето

Ефектот на сексуалната активност врз платите

Цел

Целта на овој труд е да се процени дали сексуалната активност е поврзана со платите, а исто така и да се проценат потенцијалните интеракции помеѓу личните карактеристики, платите и сексуалната активност.

Методологија

Централната хипотеза зад ова истражување е дека сексуалната активност, слично како здравствените индикатори и менталната благосостојба, може да се смета како дел од  индивидуалните својства кои влијаат на платите.

Наоди

Постои пропорционална врска помеѓу фреквенцијата на сексуалната активност и платата. Се издвојува како податок дека дека платата се зголемува кај лица со нарушено здравје кои се сексуално активни. Најмногу придобивки од сексуална активност имаат лицата од 26-50 години. Дополнително, не се пронајдени разлики помеѓу хетеросексуалците и хомосексуалците во однос на заработувачката.

Општествени импликации

Современата социјална анализа сугерира дека здравјето, когнитивните и не-когнитивните вештини и карактерни особини на личноста се важни фактори кои влијаат на нивото на платите. Сексуалната активност, исто така, може да биде интересна за научниците од општествените науки, со оглед на тоа дека сексуалната активност се смета за барометар  на здравјето, квалитетот на животот, благосостојба и среќа.

Оригиналност

Несомнено ова е нова, досега незабележана перспектива во одредувањето на исходите на пазарот на трудот .

Поддржете ја нашата работа: