Пријатели и ДНК

Наодите од истражувањето спроведено на Униврзитетот во Калифорнија, во Институтот за медицинска генетика, велат дека луѓето имаат тенденција да одбираат лица со слична генетска структура за пријатели.

Испитувањето е извршено на примерок од  1,5 милиони маркери на генетски варијации, вршејќи споредба на лица кои се пријатели, наспроти лица кои не се пријатели.  Во долготрајната студија учествувале околу 2000 лица. Групата е хомогена (белци со европско потекло), со цел да се контролираат релевантните фактори.

Пронајдено е дека најголемо поклопување помеѓу пријателите има во гените за мирис, односно лицата кои сакаат исти мириси, имаат тенденција да се движат во слични средини итн.

Новите сознанија јасно тврдат дека лицата кои се пријатели имаат слична ДНК. Гените играат улога и во изборот на сопружниците.

Главната идеја на студијата, во основа е, да се разбере создавањето на пријателство. Во целиот животински свет, единствено човекот и некои други цицачи создаваат пријателства.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt