Приспивните приказни не служат само за побрзо заспивање

Во едно истражување, кое е прво од ваков вид, научниците од Универзитетот во Шефилд и Универзитетот Рур во Бохум, Германија, покажаа дека поимот „спие како бебе” е исклучително важен за консолидирање на декларативната меморија – како што е задржувањето на фактите, настаните и знаењето.

Истражувачите испитувале дали дневната дремка по учењето им помага на бебињата за помнење на ново однесување. Истражувањето се фокусирало на 216 здрави доенчиња на возраст од 6-12 месеци. Тестирана е нивната способност да се потсетат на ново научените вештини.

На децата им било покажано како да отстранат и да манипулираат со рака на кукла, а од 4 -24 часа подоцна било побарано да го репродуцираат наученото. Бебињата кои не дремнале по учењето биле споредени со бебиња на иста возраст кои дремнале најмалку 30 минути по учењето на целните активности.

Истражувањето, кое е објавено во „Зборникот на Националната академија на науките на Соединетите Американски Држави“ (PNAS), покажало дека само бебињата кои дремнале се сетиле на активностите, додека оние кои не дремнале, не покажале знаци на сеќавање на новите информации и однесување. Резултатите биле слични и по 24 часа.

Овие наоди се од особен интерес за родителите и воспитувачите, бидејќи укажуваат дека оптимално време за доенчињата да научат нови информации е пред спиење.

Досега, луѓето претпоставуваа дека подобро време за доенчињата да научат нешто е кога тие се будни, наместо кога тие почнуваат да се чувствуваат уморни, но новите резултати покажуваат дека активностите кои се случуваат пред  доенчиња  да заспијат можат да бидат особено важни и добро запаметени. Читањето книги пред спиење е повредно, отколку што можете да замислите.

Поддржете ја нашата работа: