Пронајдени фосили на џиновска ајкула стара 300 милиони години

Пред околу 300 милиони години, огромни ајкули со должина од 8,5 метри (колку една лимузина) пливале по топлите плитки мориња на сегашен Тексас. Најголемите предатори меѓу ајкулите денес, како големата бела ајкула или ајкулата тигар, достигнуваат должина од околу 6 или 7 метри.

Научниците и претходно откривале фосили од големи антички ајкули, но никоја досега не е волку стара, изјави палеонтологот Џон Мејсеј на годишниот состанок на Друштвото за палеонтологија на ’рбетници.

„Ајкули со оваа големина не можат да се забележат се до периодот Креда, што е грубо околу 200 милиони години после периодот кога оваа ајкула пливала во водите на денешен Тексас“, вели Мејсеј.

 

Ајкулата може да е поврзана со „Glikmanius“ – изумрен вид на ајкула со долго тело и чаталеста опашка која живеела во истото време, но научниците треба да испитаат повеќе примероци за да можат со сигурност да го потврдат тоа.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt