Простувањето штити од депресија

Простувањето може да ви помогне да се заштитите од депресија, барем според една истражување од Универзитетот во Мисури.

Во истражувањето биле испитувани постари лица, посебно како простувањето влијае на нивното ментално здравје и депресија, особено ако учесниците сметаат дека нешто не им е простено.

Во анкетата биле вклучени податоци за религијата, стареењето и здравјето на 1.000 возрасни лица постари од 67 години. Така, истражувачите откриле дека постарите жени особено профитирале од простувањето на другите, тие имале помала веројатност да бидат депресивни и задоволни од простувањето, без разлика дали почувствувале дека другите ним не им простиле.

Сепак, истите резултати не се однесуваат на мажите. Всушност, мажите се’ уште пријавувале високо ниво на депресија доколку почувствуваат дека не им е простено од другите – дури и ако тие се обиделе да простат. Иако тоа е само едно мало истражување, укажува на идејата дека мажите и жените различно се справуваат со депресијата, а жените имаат поголема веројатност да чувствуваат олеснување или среќа кога негуваат социјални врски, активност која вклучува простување и емпатија.

Кога ние размислуваме за простувањето и карактеристиките на луѓето кои простуваат (алтруистични, сочувствителни), се чини дека простуваме за да го компензираме фактот дека нам нешто не ни е простено.

Истражувачите истакнуваат дека како луѓето стареат, тие имаат тенденција да размислуваат повеќе за нивните животи и карактеристики и имаат поголема веројатност да им простат на другите. Се чини дека, за жените во најмала рака, ова размислување и простување е корисно за психичкото здравје.

„Звучи како морална супериорност”- велат авторите, но не за да се биде подобар човек, туку да се има поголема свесност за болката.

Минатите истражувања исто така покажале дека постојат ментални и физички здравствени придобивки кога станува збор за простувањето. Едно неодамнешно истражување покажа дека држењето лутина всушност оштетува одредени аспекти на физичката кондиција на учесниците (од студентите било побарано да скокаат сеќавајќи се на непријатен настан. Оние кои простиле скокале повисоко од другите). Покрај тоа, едно истражување од 2014 г. покажало дека луѓето кои им простиле на другите за нивните грешки имаат поголема веројатност да ги заборават тие негативни работи и да се фокусираат на позитивни резултати.

Интересно, иако често се нагласува да си простиме себеси, излегува дека тоа не ја намалува депресијата. Наместо тоа, подготвеноста да се прости и да се прифати прошката се чини дека има најмногу позитивно влијание.

Поддржете ја нашата работа: