Пушењето во домот со многу посериозни последици по децата

Сигурно сте забележале дека ако пушите цигари во затворена просторија, таа се уште мириса, иако последната цигара сте ја изгасиле пред неколку саати, па дури и денови. Тоа е така поради „третостепениот чад“, односно штетните остатоци од цигарата кои се задржуваат во ѕидовите, теписите, мебелот или во честичките прашина, долго време откако цигарата ќе се изгаси.

Научниците од американската националната лабораторија за енергетика „Беркли“ при едно истражување добиле значајни наоди за опасностите од третостепениот чад  и неговата апсорбција во површините, во една затворена просторија. Мерејќи ги нивоата на повеќе од 50 испарливи органски соединенија (VOCs) и воздушни честички во текот на 18 часа по пушењето, тие откриле дека чадот продолжува да има штетни здравствени ефекти многу време по гаснењето на цигарата.

„Најчесто, домот е местото каде што непушачите се најмногу изложени на второ и третостепен чад. Целта на нашето истражување е да се обезбедат информации  за ефективни заштитни мерки во домот. Износот на штетата е мерлив дури и неколку часа по пушењето”, истакнува хемичарот Хуго Дестаилатс, главен автор на студијата.

“Многу пушачи знаат дека пасивното пушење е штетно, па тие не пушат кога нивните деца се присутни. Но, ако, на пример, тие престанат со пушењето во 14:00 часот, а децата  дојдат дома во 16:00,  наодите покажуваат дека постои 60% штета од вдишување на третостепен чад”.

Истражувањето се одвивало во две средини: една просторија во лабораторијата каде што машински биле испушени 6 цигари и биле регистрирани 58 испарливи органски соединенија, и во домот на еден пушач, каде што нивото на штетните соединенија било измерено 8 часа откако цигарата била изгасена.

331full2
Резултатите покажале дека ризикот е најголем во првите пет часа откако цигарата е изгасена, продолжува во наредните пет часа и почнува да се намалува дури по 10 часа.

„Откривме дека честицата „PM2.5“ е одговорна за 90 проценти од здравствените проблеми.“  „PM2.5“ се честички кои имаат дијаметар помал од 2,5 микрометри и може да се вдишат длабоко во белите дробови и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Друга цел на истражувањето била подобро да се разбере преминот меѓу пасивното пушење и третостепениот чад. Во зависност од критериумите што се користат, предвидената здравствена штета предизвикана од третостепениот чад може да се движи од 5% до 60% од вкупната штета. Многу од  штетата која се припишува на пасивното пушење може да се должи на третостепениот чад.

 

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk. Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и да поттикнат нови идеи и критичко размислувањекај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме ви однапред благодарни!

Поддржете ја нашата работа: