Регенерација на мускули со помош на свински мочен меур

Научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург велат дека кај некои од нивните тешко повредени е создадено ново мускулно ткиво од мочниот меур на свињите.

Скелетните мускули може да се регенерираат по полесни повреди со помош на физикална терапија, но ако загубата е поголема од 20%, штетата останува трајна.

Тимот создаде “екстрацелуларна матрица” од свинскиот мочен меур. Ги отстранија сите траги на клетки од ткивото, со цел да спречат отфрлање од имунолошкиот систем на примателот.

Екстрацелуларната матрица во суштина е лепак кој ги држи сите клетки во нашето тело заедно.

Матрицата се вградува на повреденото место.  Бавно се разградува во телото и ослободува хемикалии кои привлекуваат матични клетки. Физикалната терапија им помага на матичните клетки да формираат мускулно ткиво.

Сите пет пациенти во студијата  имале оштетеност  од 60 до 90% на погодените мускули. Шест месеци по почетокот на терапијата, сите имаат регенерирани мускули, а три пациенти покажуваат драматично подобрување. Еден од нив вели  вели дека повторно може да вози  велосипед , па дури и да скока на јаже.

Научниците велат дека експериментирале најмногу со стари повреди, но дека методот е поуспешен доколку повредата е нова.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt