Роботот што постојано бега од лабораторија во Русија

Дури и откако два пати беше репрограмиран, роботот „Promobot IR77“ кој е дизјниран да комуницира со луѓето лице в лице, повторно се обидува да избега од лабораторијата во Перм, Русија.

Креаторите на „Promobot IR77“ соопштија дека можеби ќе мора да „се отарасат“ од лошиот робот, што предизвика бура од негодувања на интернет.

Претходно овој месец, истражувачите од лабораторијата „Promobot“ во Перм ја оставиле просторијата несоодветно затворена, а „Promobot IR77“ успеал некако да ја отвори вратата и да избега од просториите. Тој отпатувал 45 метри и стигнал до улицата во близина, пред да му се потрошат батериите. Таму бил заглавен 40 минути, предизвикувајќи застој во сообраќајот и збунетост кај сообраќајците.

И сега, неколку недели подоцна, роботот постојано се обидува да побегне, иако бил подложен на обемно репрограмирање со цел да се надмине овој проблем. Бидејќи изгледа дека роботот е цврсто решен да избега, можеби единствена опција е да го деактивираат, велат креаторите на роботот.

„Сериозно размислуваме да го рециклираме „IR77“, бидејќи на нашите клиенти може да не им се допадне оваа карактеристика“- вели Олег Кивокутсев, еден од коосновачите на лабораторијата „Promobot“, за „Sputnik News“.

Иако, кај многумина ова предизвика негодување (зошто да се убие робот кој сака да биде слободен?), некои посочуваат дека целата приказна е наместена  за да се заинтересира јавноста за третата генерација од овие роботи кои треба да се појават оваа година, по цена од околу 7.000 долари по примерок.

Бидејќи роботот е дизајниран да комуницира со луѓе –  и да презема улога на промотор, администратор или туристички водич, целата работа со „местенката“ има смисла, бидејќи роботот ќе изгледа почовечен (а со тоа и повеќе баран), отколку што навистина е.

1466088587-robot

Иако со сигурност не може да се каже за што точно станува збор тука, ова не би бил прв случај кога вештачката интелигенција станала подобра од истражувачите.

Во април годинава, роботот на Мајкрософт „Tay AI“ кој требало да го имитира начинот на кој зборуваат луѓето во новиот милениум и да учи од корисниците на твитер, станал потполно неразумен, изјавувајќи во еден момент дека „Буш е виновен за случувањата од 11-9“ и потполно негирајќи го Холокаустот.

Во 2013 година, суперкомпјутерот наречен Вотсон на „IBM“, морал да биде репрограмиран откако истражувачите му дозволиле да ги научи сите зборови од Урбаниот речник, бидејќи почнал да употребува исклучително безобразни зборови.

Имајќи го ова предвид, многу е веројатно дека и „Promobot IR77“ делува „на своја рака“.

Да се надеваме дека колку повеќе компанијата добива внимание од печатот (и незгодни пораки во обид да се спаси роботот), ќе се појават и повеќе детали за целиот случај.

Дотогаш, погледнете го првото бегство на роботот во видеото подолу.

https://www.youtube.com/watch?v=IZ0g0tF87x4

Поддржете ја нашата работа: