Џон Мекнамара, одгледувач на змии од Водонга, Австралија се изненадил кога од едно од неговите јајца се родила двоглава змија, како хидра од грчката митологија.
Џон вели дека ова е слично на човечките аномалии, дека најпрво имало две јајца кои не се поделиле правилно, па всушност се родила змија со две глави, што се случува прилично ретко, а уште поретко змијата преживува.
Целта поради која тој сака да добие публицитет е поради тоа што е загрижен дека тие нема да преживеат, па се надева дека ќе се јави некој ветеринар за да му помогне, да му каже која глава е доминантна, кои органи се споени и слично, и што може да предизвика компликации. Покрај тоа, постои загриженост да не се обидат да се изедат една со друга, особено бидејќи се ближи периодот кога ќе треба да се хранат.
Тој ги нарекол змиите „Katana“ и „Wakizashi“ според јапонските мечеви кои ги користат самураите.
https://www.youtube.com/watch?v=14GGCY0k9C0