Русите прават робот за во вселената

Изгледа фасцинантно кога ќе се види како астронаутите излегуваат од летало во отворениот вселенски простор. Се разбира воопшто не е лесно ниту потполно безбедно тоа да се постигне. Вселенските прошетки мора да бидат исклучително прецизно планирани и да се изведуваат многу споро за да бидат успешни. Затоа руските научници ќе изработуваат роботи што ќе ја извршуваат оваа работа.

Рускиот заменик премиер Димитри Рогозин во изјава за печатот, ги објави плановите на Русија во блиска иднина да испрати роботи на Меѓународната вселенска станица(МВС).

Во моментов, во развој се два прототипа. Едниот е робот торзо, контролиран од човек оператор, каде што секое движење што го прави операторот се имитира од роботот, додека преку камери во живо се следи она што роботот го гледа пред себе. Вториот е хуманоиден робот кој може да се контролита далечински преку оператор или специјално програмирана вештачка интелигенција,

Торзо-роботот веќе е обучен да управува со возило и да швајсува, така што е на добар пат да извршува задачи поврзани со одржувањето на МВС. Со време, креаторите се надеваат дека ќе ја усовршат интелигенцијата на овие роботи за да можат автоматски да делуваат без да добијат информации од човек.

Посилни од човечките суштества, способни да работат долго време без одмор, овие роботи во лабораториски услови веќе покажаа што можат да направат и наскоро ќе бидат спремни да го имаат своето деби во вселената. Во блиска иднина, астронаутите можеби ќе излегуваат на прошетка во вселената само од разонода.

Русија не е единствената земја што работи на изработка на роботи за во вселената. НАСА го развива „Робонаут“ кој може да работи заедно со луѓе додека се во орбитата, додека Кинеската вселенска агенција го претстави роботот кој многу наликува на „Iron Man“.

Тоа што на роботите им се дава човечки облик ја олеснува работата, бидејќи можат да ги користат истите алатки како и луѓето. Но, тоа не е пресудно – НАСА  исто така изработи робот во форма на коцка, кој  планира да го испрати во вселената идната година.

https://www.youtube.com/watch?v=KE8yq51GVxw

Поддржете ја нашата работа: