Што е најздраво што треба да направите кога ќе се разбудите наутро?

Прашањето е поставено во „Quora“. Одговор дава Нор Олах Јан, фармацевт и ранобудник.

Претворете го вашето утро во здрав почеток на денот со овие неколку совети:

1. Оставете ја завесата или ролетната од прозорот подотворена ,а тоа ќе ви покаже кога точно треба да се разбудите. Навистина функционира, а кога ќе ви стане навика ќе се будите рано врз основа на вашиот билошки аларм од чувството на светлината, наместо од алармот на телефонот или будилникот.

2. Подесете го времето 15 минути порано од предвиденото за станување. Ова е единствен начин да ги отимизирате здравите навики наутро, што нема да го постигнете ако брзате. Овие 15 минути посветете му ги на вашето тело и разликата ќе ја почувствувате веќе за неколку дена.

3. Напијте се млака вода со лимон на празен стомак. Тоа го активира вашиот црн дроб да ги согори мастите, да продуцира енергија и повеќе црвени крвни зрнца од што ќе имате извонредна корист. Покрај тоа, ќе ви помогне да ги избегнете настинките и грипот, а исто така и акните.

4. Истегнете се најмногу што можете 15 секунди. Истегнете го секој екстремитет за да овозможи правилен проток на крв во овие делови. Може да ги истегнете глуждовите, прстите на рацете и нозете, стомачните мускули и сите други групи на мускули, но не го заборавајте вратот – тоа ќе ги активира нервите кои испраќаат сигнали во мозокот. Разликата ќе ја чувствувате до следното утро.

5. Земете пластично столче и седнете под  туш  5 минути. Ова е одлична водена масажа што ќе ве релаксира и смири.

6. Земете витамини и минерали .Тоа ќе ви помогне полесно да ги поминете секојдневните активности (Кои витамини треба да ги земате, прочитајте повеќе тука)

7. Гушнете ги членовите од семејството или партнерот. Тоа ќе ве ослободи од стресот и ќе креира позитивни мисли и подобра слика за себе, а вие ќе уживате во остатокот од денот.

8. Напијте се шолја кафе. Ако решите да вежбате после кафето ќе согорите повеќе масти и ќе бидете во подобра форма.

9. Четкајте го јазикот една минута. Со оваа едноставна постапка ќе се ослободите од лошиот здив предизвикан од бактериите. Исто така, ќе ги избгете проблемите со диспепсијата и гасовите.

10. Земете детска доза Аспирин. Ова на долг рок ќе даде значителни резултати во намалувањето на кардиоваскуларните проблеми.

11. Прочитајте некој мотивирачки цитат. Тоа ќе ви помогне да се мотивирате во текот на денот.

12. Погледнете околу себе и заблагодарете се за она што го имате. Помислете на луѓето кои не  се толку среќни.

Поддржете ја нашата работа: