Во видеото на „AsapScience“ со наслов „Ова е нашето тело за време од 24 часа“, авторите Мичел Мофит и Грегори Браун ги објаснуваат состојбите низ кои поминува телото за 24 часа и кога е оптималното време за секојдневните активности наутро, попладне и навечер.
НАУТРО
Наутро, кога ќе го исклучиме алармот, се наоѓаме во фаза помеѓу будност и сон, позната како „хипнопомпик“ состојба. Кога конечно ќе станеме, се’ уште сме „зашеметени“ и дезориентирани, поради поспаноста која трае околу 10 минути, но може да се одолговлекува и до 4 часа. Во меѓувреме, температурата на телото е ниска, притисокот почнува да расте и се зголемува нивото на кортизол – хормонот на стрес, како што се подготвувме за стресниот ден. Обично, иделното време да се доручкува и да се испие кафе е еден час после будењето.
Не е изненадувачки тоа што после доручекот, врвот на нашите метнални активности го достигнуваме кога сме на работа. Повеќето од нас се најактивни два и пол до четири часа после будењето, но како што одминува денот, се намалува и нашата меморија. Според „AsapScience“, забораваме просечно 5 факти, но до попладнето забораваме околу 14. Помладите имаат тенденција да станат поактивни попладне и навечер, но се чини дека ноќе, биолошкиот часовник кај сите ги исклучува протеините што се потребни за формирање на долгорочна меморија.
ПОПЛАДНЕ
Напладне, или попладне, желудникот е спремен да го прими оброкот којшто во желудникот се вари неколку часа, пред да премине во тенкото црево. Ефектите од ручекот ги чувствуваме кон средината на попладневните часови, кога почнуваме да чувствуваме замор. Иако оброкот ја подигнува енергијата за кратко поради гликозата, ова е проследено со наплив на инсулин, кој прави телото да се чувствува исцрпено. Ова може да се надмине со вежбање околу 4.30 часот попладне, бидејќи температурата на телото е највисока и може да добиете дури до 20% повеќе мускулна сила.
НАВЕЧЕР
После работата и вежбањто, околу 6 часот попладне е идеално време за некој коктел, бидејќи тогаш сме потолерантни на алкохол. Обично пред спиење и тоа најчесто околу 11 часот навечер, сме сексуално активни. Ова е поврзано повеќе со нашиот дневен распоред отколку со нашето тело, бидејќи нивото на тестостеронот се намалува навечер, а врвот почнува да го достигнува наутро.
И конечно, кога заспиваме, телото почнува да лачи мелатонин кој го иницира циклусот на спиење и се случува неколку пати во текот на ноќта. За време на спиењето, се случуваат алфа бранови – подолги делта бранови кои водат до РЕМ-фазата, односно до сонувањето. Во текот на ноќта сонуваме околу час и половина до два часа. Во меѓувреме, се будиме од 200 до 1000 пати, но само на неколку секунди.
Во раните утрински часови, температурата на телото е најниска, додека ние продолжуваме низ циклусот на спиење. За неколку часа, телото ќе го започне истиот процес одново. Следните 24 часа се нов ден.