Што се случува со внатрешните органи за време на бременост?

Познато е дека за време на бременоста, телото поминува низ големи промени. Може да видиме како се зголемува стомакот или како изгледа фетусот на снимките, но сепак ретко помислуваме што се случува со внатрешните органи за време на бременоста на жената.

На сликата подолу, направена од Музејот за наука и индустрија во Чикаго, е прикажано како се движат внатрешните органи со растењето на бебето во утробата. Вака, на забрзана снимка изгледа застрашувачки, но овој процес се одвива девет месеци, така што промените се одвиваат многу побавно и постепено.

d7n3eIH

Како што расте бебето, органите мора полека да му прават место, со поместување на желудникот, црниот дроб, цревата, создавајќи одреден притисок врз бешиката. Покрај поместувањето на органите во стомачната празнина, се случуваат и други промени во телото, меѓу кои и забрзана работа на срцето и зголемен влумен на крвта, намалување на капацитетот на белите дробови (затоа бемените жени чувствуват како да немаат доволно воздух), како и зголемена работа на бубезите, за да можат да ги обработат отпадните материи и од мајката и од бебето.

Целата интеракција што се случува во текот на сите 36 до 40 недели од бременоста може да ја погледнете тука.  

Поддржете ја нашата работа: