Што треба прво да направите кога ќе се разбудите?

Ејми Кади, психолог од Харвард, вели дека денот може да го направите подобар ако наутро, пред да стапнете на подот, го истегнете телото колку што можете повеќе.

Кади е автор на книгата “Presence: Bringing Your Boldest Self to Your Biggest Challenges” . (Држење: внесете го вашето најсмело јас во најголемите предизвици), книга за суптилниот, но многу моќен начин на кој нашето држење (став) може да влијае на нашите мисли и емоции.

Нејзиното „TED talk“ видео за моќта на држењето – како ставот како „Wonder Woman“ може да ја подигне самодовербата, е второ по гледаност на сите времиња.

Идејата на истражувањето на Кади е прилично радикална.

Обично, мислиме дека нашето однесување произлегува од нашите чувства, како кога стоиме исправено и горд , затоа што се чувствуваме самоуверено. Истражувањето на Кади сугериира дека всушност е обратно. Може да станеме посамоуверени едноставно ако заземеме повпечатливо држење или пак – ако се истегнеме наутро по будењето.

Во неодамнешниот говор во њујоршкиот „92Y“, Кади објасни како оваа мудрост може да ве води низ дневната рутина. Поточно, таа ја споменува моќта што ја имате кога самите ќе се направите огромни, истиот момент кога ќе ги отворите очите.

„Очигледно, ова е двонасочно. Но, луѓето кои се будат вака – тука Кади ги подига рацете нагоре во вид набуквата „V“- се супер среќни, онака „иритирачки среќни“- нагласува таа  (Со други зборови, по овој чин може да следи вистинско добро чувство).

Исто така, вашите чувства може да бидат и обратни, ако се разбудите свиткани како мачка.

Приближно 40% од луѓето спијат во положба на фетус, а тоа може да ги прави многу понесигурни во текот на денот .Помножете ги утрата на тие лица со деновите во неделата, месецот и годината и наеднаш едно проблематично утро се претвара во многу непотребно незадоволство – вели Кади.

Според Кади, да се избегне ваквата непријатна реалност е подеднакво лесно како и станувањето наутро на десна нога. Дури и да го глумите ова на почетокот, големи се шансите набрзо да почнете вистински да го правите.

 

 

Поддржете ја нашата работа: