Собирање на кравји гасови како решение за климатските промени

Ние го поврзуваме глобалното затоплување со индустријата и производството на енергија, но ги забораваме преживарите. Забораваме дека и нашите прехранбени навики се една голема причина за климатските промени. Колективно, тие произведуваат повеќе од 11% од емисиите на стакленички гасови. Со оглед на тоа дека овие денови луѓето сакаат да јадат повеќе животински производи, расте популацијата на крави, овци и кози и како последица на тоа, расте и емисијата на гасови во атмосферата.

Според аргентинскиот Национален институт за земјоделска технологија, ова отвора можност за фармерите да собираат и продаваат метан гас. Метанот е моќен стакленички гас кој може да биде дури и поопасен од јаглеродниот диоксид. Како што се вели во видеото, преживарите ослободуваат метан како резултат на разложување на тревата и другите работи со кои се хранат. Фармерите може да ги собираат кравјите гасови во големи ќеси, при што од една крава може да се наполни ќеса од околу 200 литри на ден (а во светот има 1,5 милијарди крави).

Околу три четвртини од земјоделското земјиште се користи за да се нахрани добитокот. Кога ќе се земе предвид расчистувањето на земјата за пасење, хранењето и транспортот, излегува дека добитокот предизвикува повеќе стакленички гасови од сите директни емисии од секторот за транспорт, се вели во видеото.

Па, исхраната со помалку месо и поголемата вегетација би можеле да придонесат за намалување на емисиите на стакленички гасови и намалување на температурите.

Поддржете ја нашата работа: