„Electra Meccanica Vehicles Corporation“ е компанија со седиште во Канада која дизајнирала и произвела целосно електрично возило за еден патник кое е наречено „SOLO“ и е развиено за да го револуционизира начинот на кој луѓето патуваат.
Компанијата го претстави ова возило на настанот познат под името „Luxury and supercar weekend“ или во превод Викенд за луксуз и суперавтомобили кој се одржа од 9 до 10 септември во ботаничката градина ВанДусен, во Ванкувер, Канада.
Ова возило не е наменето за да го замени фамилијарниот автомобил, туку за да им помага на патниците и да ги однесе до својата дестинација по минимален трошок и минимална штета за околината.
Изнесува само 3 метри во должина, а тежи неверојатни 450 килограми. Се напојува од 16.1 kWh литиум јонска батерија и може да помине 160 км без да се полни.
При неговиот дизајн земен е предвид фактот дека речиси 80% од луѓето одат до работното место и се враќаат од истото сами во своето возило.
Ова возило ќе биде достапно за продажба во САД од 2017 година и ќе чини околу 15.500 долари или околу 14.000 евра.