Совршената комбинација на алкохол и цигари

Националниот институт за здравје проценува дека 90% од алкохоличарите пушат цигари, а дури и оние кои не се зависни од алкохолот пушат само кога пијат. Иако оваа поврзаност помеѓу пиењето и пушењето е веќе позната, научниците не се сигурни што е тоа што ги намамува овие лица да запалат цигара.

За да ја истражат таа биолошка реакција, тим на истражувачи од Универзитетот во Мисури спровеле истражување на стаорци. Тие им дале никотин и алкохол на стаорците додека ги снимале реакциите на мозокот. Откриле дека стимулативниот ефект на никотинот им помага да се изборат со поспаноста која ја предизвикува конзумирањето на алкохолот.

Никотинот особено влијаел на предниот дел од мозокот поврзан со рефлексите, учењето и што е најважно, вниманието. Алкохолот, како депресант, го инхибира централниот нервен систем, па затоа влијанието на оваа стимулација има смисла.

Во прилог на ова, и претходни истражувања покажале дека никотинот може да ги засили пријатните ефекти на алкохолот и желбата да се продолжи со пиење. За жал, алкохолот и цигарите се најкористените и најсмртоносните дроги во светот. Светската здравствена организација проценува дека секоја година околу 6 милиони смртни случаи се припишуваат на никотинот, а колку 3 милиони на прекумерната употреба на алкохол.

Истражувачите се надеваат дека со идентификувањето на физичката реакција предизвикана од пиењето и пушењето заедно, ќе придонесат за понатамношното намалување на зависноста од овие производи.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt