Создаден нов тенок дводимензионален материјал – „братучед на графенот“

Ова откритие е значајно бидејќи се смета дека дводимензионалниот калај покажува голем број на необични електронски феномени, како тополошка изолација, каде што електроните слободно се движат по должината на рабовите на материјалот без да наидат на пречки, како други електрони или атоми, при што не се троши енергија преку топлина.

Досега, производството на станен беше невозможно, бидејќи слободниот станен не е стабилен, па прво би требало да се постави соодветна подлога, потоа да се утврди дека подлогата ја има потребната структура на атоми и електрони (како шестоаголна решетка) и притоа сите експерименти да се изведуваат на самото место во вакуум систем.

Истражувачите токму тоа и го направиле со помош на бизмут телурид (Bi2Ti3) за кој откриле дека совршено одговара како супстрат. Потоа поставиле слој на атоми од калај на супстратот и со помош на микроскопско скенирање ја потврдиле предвидената структура (како шестоаголна решетка).

Создавајќи го она што тие се убедени дека е станен, истражувачите велат дека следниот чекор е да се направат мерења на електронскиот транспорт за да се истражат потенцијално невообичаените квантни својства кои се предвидени за овој материјал. Но, бидејќи супстратот се поврзува со станенот, тој би можел да ги промени неговите својства, па неопходно е истражувачите да го изолираат за да го тестираат.

Истражувањето е објавено во „Nature“.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.