Средба со џиновска лигња во Јапонија

Џиновските лигњи се можеби едни од најмистериозните животни во длабочините на океаните, но една од нив неодамна се приближи до заливот Тојама во централна Јапонија, овозможувајќи им спектакуларна глетка на присутните.

Џиновската лигња пливала под рибарските бродови и останала близу површината на водата во заливот, во период од неколку часа. Притоа, била искористена подводна камера за да се направи снимка на ова неверојатно животно. Погледнете како изгледа!

https://www.youtube.com/watch?v=ojrrBsmLqn8

Лигњата наводно била од 3 до 4 метри долга, што е прилично малку за стандардите на џиновските лигњи. Возрасните џиновски лигњи може да достигнат до 13 метри во должина, поради што се смета дека ова е релативно млада.

Поддржете ја нашата работа: