Сте виделе ли некогаш Австралиска ехидна како плива во река?

Јајценесните цицачи (Monotremata) ја сочинуваат најмалата поткласа на цицачи со само три видови најдени во Австралија, Тасманија и Нова Гвинеја. Еден од овие е клунарот, а останатите два се клунестите ежови (ехидните).

Репродуктивниот и екскреторниот систем на монотремите делат ист телесен отвор (урогенитален отвор), но посвојствена карактеристика (која ги одделува од другите цицачи) за овие животни е тоа што несат јајца. Женката клунар обично несе две или три јајца и ги инкубира во дупка која се наоѓа близу до вода. Клунестите ежови обично несат едно јајце кое мајката го инкубира во торбичка која ја формираат два слоја на кожа на нејзиниот абдомен. Кога младото излегува од јајцето, тоа се храни со млеко, цицајќи го од специјална млечна дамка на долната страна на мајката.

На видеото е прикажана ретка снимка на Австралиска ехидна која плива во река. Погледнете, нема ништо поинтересно од ова.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.