Дали знаете што се сублиминални пораки?

Сублиминалните пораки се врзани со идејата за контрола на умот. Со цел да се влијае на поединец или групи, Грците уште 4 века п.н.е создадоа наука на реторика. Со стратегиско вградување на зборови, фрагменти или реченици, се врши „убедување”.

Сублиминалната порака е вид на пропаганда во која е испратена порака под прагот на свесноста и се регистрира на потсвесно ниво, дури и кога е очигледна. Примателот ја перцепира пораката со потсвесни механизми и не е свесен дека е воопшто емитувана. Потсвеста ја процесира пораката и по некое време се активира однесување кое одговара на пораката.

На пр. доколку за време на кино проекција, неколку пати во текот на филмот се појави кратка порака со низок интензитет „пијте кока кола”, подоцна потсвеста ќе активира однесување кое вклучува зголемена желба за кока кола.

Зборуваме за визуелни пораки кои се појавуваат во дел од секунда, или се скриени во друга слика, аудио пораки кои се маскирани со други други звуци, снимени под  слушниот праг или пак изговорени наназад.

Постојат многу примери за примената и ефикасноста на сублиминалните пораки. Сознанието дека ние всушност немаме контрола над информациите кои ни се сервираат, е запрепастувачко.

Во 1920 година, „BBC“ започнува да емитува радио за прв пат. Луѓето во тоа време буквално се плашеле од радиото, нарекувајќи го „ гласот на ѓаволот”. Со цел да го промени таквиот став, „BBC“ одлучува да вметне сублиминални пораки во рекламите. Во една од рекламите, која звучела сосема невино, доколку ги изговорите зборовите наназад, јасно може да се чуе „Ова навистина не е јамка околу вратот” (This is not a noose, no really its not). „BBC“ и се’ уште постои и сведочи за моќта на сублиминалните пораки на ниво на нација.

Амбалажата на кока кола, всушност има форма на женска силуета, што на потсвесно ниво активира одредени матрици кај потрошувачите.

Пепси, во 1990 година пушти во продажба лименки со неонски дизајн. Доколку споите две такви лименки и ги поставите право, зборот „SEX“ станува очигледен.

Невозможно е да се заштитиме од сублиминалните пораки, тие се насекаде околу нас, почнувајќи од семафорот, па се до некоја амбалажа во маркет, форма на зграда, лого и сл. Најмалку што можеме да направиме за себе е да станеме свесни дека постојат, на кој начин функционираат и која е нивната цел.

Поддржете ја нашата работа: