Суперхерои во светот на животните

Мора да признаеме дека сите ние сакаме суперхерои. „Marvel“ и „DC Comics“ целосно ја револуционизираа оваа индустрија и го зголемија интересот за суперхероите и нивните супер моќи.

Но, што е заедничко за повеќето од овие суперхерои? Тоа што моќите ги добиле од животните. Затоа, издвојуваме неколку животни кои поседуваат посебни сетила и способности, што се прилично слични на супер моќи.

1. Гризли мечка

Супер моќ: Може да намириса нешто на оддалеченост од 28 км.

1Мечките имаат неверојатен осет за мирис кој се должи на одредена област во мозокот која управува со чувството за мирис. Оваа област е најмалку 5 пати поголема кај мечките отколку кај луѓето, иако мозокот на мечката е само една третина од големината на мозокот кај луѓето.

Чувството за мирис на гризли мечката е 700 пати подобро од чувството за мирис на човекот.

Овие величествени животни буквално можат да го намирисаат вашиот страв, дури и ако сте го напуштиле местото пред 48 часа. Плачењето и потењето само им оставаат јасна трага која ја следат.

2. Планарии – сплескани црви

Супер моќ: Можат да го регенерираат телото

2Овие мали суштества се многу тешки за убивање. Дури и ако ги исецкате на парчиња, тие ќе пораснат како одделни организми.

2,2Регенерацијата зависи од активноста на матичните клетки, кои се дистрибуираат низ телото на сплесканите црви, но најважните прашања за овој процес се се’ уште неодговорени. Научниците се’ уште немаат цврсти заклучоци, што значи дека оваа супер моќ на некој начин претставува мала мистерија.

3. Ајкула-чекан

Супер моќ: Детектира електрична енергија или електрично поле

3Ајкулата-чекан има зголемена способност за откривање на електрични полиња – може да детектира милијардити дел од волт. Патем, има и подобар осет за мирис и поширок опсег на видот од повеќето ајкули, вклучувајќи и вертикален бинокуларен вид од 360 степени.

3,3Сите ајкули имаат посебни рецептори, но овие ајкули едноставно имаат повеќе и тие се распределени на нивните огромни глави, што на некој начин значи дека на лицето имаат нешто слично на радар кој детектира електрична енергија.

4. Бубачка која се храни со измет (dung beetle)

Супер моќ: Супер сила

4Силата на овие мали бубачки е споредлива со светски познатиот супер херој Хулк. Овие бубачки се всушност најсилните суштества на светот. Можат да кренат тежина 1.140 пати поголема од својата, што е еднакво на просечен човек да крене 6 двокатни автобуси полни со луѓе.

Верувале или не, единствената причина за развојот на оваа неверојатна сила е секс. Тие ја зголемуваат својата сила за да ги совладаат своите конкуренти, односно другите машки бубачки кои се хранат со измет.

5. Ракче- богомолка

Супер моќ: Супер вид

5Овие ракчиња можат да го видат спектарот на светлина кој е видлив за луѓето, поларизираната светлина, инфрацрвените и ултравиолетовите бранови, Тие можат дури да ја видат и топлината.

Тоа се должи на фактот што имаат 12 видови на фоторецептори за боја, додека луѓето имаат само 3.

Па, што мислите, кое од овие животни има потенцијал да биде најдобар суперхерој? Кој е вашиот омилен суперхерој меѓу животните?

Поддржете ја нашата работа: