СЗО: Зика вирусот беснее во 47 земји

Локално пренесување на Зика вирусот е пријавено во 47 земји, изјави претставник на Светската здравствена организација.

Според извршниот директор за епидемии и здравствени вонредни околности на СЗО, постојат се’ повеќе докази за поврзаноста на Зика вирусот со двете невролошки нарушувања – микроцефалијата и Гијен-Бареовиот синдром, потврдени во досега 9 од 47-те земји кои се погодени од епидемијата на Зика.

Откако во февруари беше прогласена вонредна состојба од меѓународно значење, доказите за ваквата поврзаност продолжија да се насобираат. Научниците нагласуваат дека моментално се наоѓаме во екот на сезоната за пренесување на денга вирусот во јужната хемисфера, а поради тоа што Зика вирусот и денгата го имаат истиот вектор, тие сметаат дека ова исто така ќе биде и сезона за пренесување на Зика вирусот.

Зика вирусот е изолиран во 1947 година во Уганда. Од месец мај, минатата година, започна брзо да се шири во Бразил, а потоа и во другите земји од Јужна и Северна Америка. Здравствените работници велат дека вирусот е присутен во 21 од 55 земји во западната хемисфера.

Прочитајте повеќе на Енаука.мк – Каков би бил животот на бебињата со вирусот Зика?

Поддржете ја нашата работа: