Преку анализа на скелетот на Тираносаурус рекс, научниците дошле до сознание како изгледале мускулите на овие праисториски животни. Овој голем месојад ја гризел храната со сила еднаква на тежината од три автомобили, што му овозможувало со леснотија да дроби коски.
Врз основа на мускулната анатомија на денешните блиски роднини на диносаурусите-како крокодилите и птиците, нучниците креирале комјутерски модел на вилиците на Т.рекс и откриле дека силата на неговото загризување изнесувало околу 3.630 килограми.
Трагите од угриз на фосилизираните коскени остатоци од други диносауруси покажуваат дека Т-рекс ги дробел коските. Таа способност на ова огромно суштество му овозможувала предност над останатите предатори.
„Т.рекс можел да прегризе сѐ што е месо и коски. На тој начин доаѓал до минералите во коските и коскената срж“- наведува палеонтологот Пол Гињак од Универзитетот во Оклахома, водачот на истражувањето.
Тираносаурус рекс поседувал посилен загриз од било кое суштество што го проучувале научницте и многу посилен од секое живо суштество денеска.
Сепак, тоа не е најсилен загриз во историјата. Се проценува дека големиот крокодил деиносух (Deinosuchus), кој живеел неколку милиони години пред Т-рекс имал загризување со сила од 10.400 кг.