Црните дупки може да се портали до други универзуми?

Веќе долго време се смета дека црните дупки се „вечен затвор“ за се што ќе биде вовлечено во нивните длабочини. Но, според Стивен Хокинг, можеби постои излез – преку портал до друг универзум.

Познатиот теоретски физичар ги објасни овие концепти на инаугурацијата на Иницијативата за црни дупки на Харвард што се оддржа на 18-ти април во театарот Сандерс на Харвард, со што ја лансираше програмата која ќе се фокусира конкретно на истражувањето на црните дупки.

00A6ACA71000044C-3548667-image-a-45_1461101589965

Хокинг е директор за истражувања во Центарот за теоретска космологија на Универзитетот Кембриџ во Англија и во текот на последниве неколку години ги откри своите теории за изгубените информации во црните дупки.

Тој предлага дека овие информации можеби се зачувуваат во алтернативни универзуми, а не се загубени како што типично се верува.

Теоретскиот физичар го спореди враќањето на информациите со изгорена екциклопедија, каде што информациите технички не би биле изгубени, но би било исклучително тешко да се дешифрираат.

Црните дупки може да се масивни колку растојанието од Сонцето до Јупитер, но може и да се мали колку една планина, објаснува тој.

Ова предавање следи веднаш по најавувањето на новиот проект заедно со рускиот милијардер Јуриј Милнер, за изградбата на т.н нанолетало со кое ќе може да стигнат до нашата најблиска соседна ѕвезда Алфа Кентаури за само 20 години и да испратат фотографии од сите планети во тој систем.

https://www.youtube.com/watch?v=y4Ls3XPZSQ0

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.