Фудбалските тимови велат дека ги подобрува нивните атлетски перформанси и според едно ново истражување од Државниот Универзитет во Канзас, исто така им помага и на болните од срце.
„Нашето истражување, објавено во весникот „Physiology“ во 2013 година, покажува дека нитратот што се наоѓа во цвеклото го зголемува протокот на крв во скелетните мускули за време на вежбањето“, вели Дејвид Пул, професор по вежбање кинезиологија, анатомија и психологија на Државниот Универзитет во Канзас.
Покрај подобрувањето на атлетските перформанси, истражувањето исто така покажало дека сокот од цвекло може да го подобри квалитетот на животот на болните од срце.
„Дури и ако се зголеми нивото на пренесување на кислород за само 10%, тоа е од големо значење, бидејќи пациентите болни од срце кои се во инвалидска количка, би можеле повторно да одат“, вели Пул.
Придобивките од цвеклото потекнуваат од нитратот кој го содржи. Количеството на нитрат во едно шишенце сок од цвекло од 70 милилитри е еднакво на количеството во 100 грама спанаќ.
Кога се конзумира, бактериите во устата го намалуваат нитратот во нитрит. Нитритот се голта и се намалува во азотен оксид, кој е моќен вазодилататор. Азотниот оксид ги проширува крвните садови, исто како да сте пуштиле чешма, со што крвта може да тече каде што треба да тече.
Конзумирањето на сок од цвекло резултира со 38% повисоко ниво на проток на крв во скелетните мускули за време на вежбање и е многу важно за мускулите со помалку кислород кои брзо се грчат.
„Срцевата слабост е болест каде што е нарушено пренесувањето на кислород до одредени ткива, особено скелетните мускули при што се намалува способноста за движење на рацете и нозете. Најдобрата терапија за овие пациенти е да станат и да се движат, но тоа е тешко. Зголемувањето на преносот на кислород до овие мускули може да им го подобри квалитетот на животот“, вели Пул.
Клиничките испитувања се во тек.