Уникатната техника на закопување на овој октопод


И други видови на октоподи, меѓу кои и „Octopus berrima“, се закопуваат себеси, но под тенок слој од песокот бидејќи им е потребен директен пристап до водата за да можат да дишат. Овој октопод има прилично различна техника. Тој копа длабоко во песокот и создава вистинско подземно засолниште, вели Џаспер Монтана од Универзитетот во Мелбурн.

Октоподот го гради своето засолниште со тоа што исфрла силни млазови вода во песокот, претворајќи го во течност, како жив песок. Потоа нурнува во него и копа, притоа се’ уште исфрлајќи вода, што значително го намалува отпорот и го олеснува закопувањето. Излегува од своето поземно засолниште само во текот на ноќта за да ползи по морското дно и да грицка мали ракчиња.

 


Научниците успеале да соберат неколку примероци и да ги постават во специјално дизајниран  аквариум за да можат да видат што се случува откако ќе се закопа. Откриле дека октоподот ги користи краците и телото за да го избутка песокот и да оформи дупка. Потоа, испружа две краци до површината за да создаде еден вид на оџак, за да може да дише. И на крајот, ги зацврстува ѕидовите од новиот дом со помош на слој од слуз кој ги држи зрната песок споени, за целосната структура да си ја задржи формата.

Научниците сметаат дека ја развил оваа техника како начин за да избега од предаторите, со оглед на фактот дека не може да се камуфлира како некои други видови на октоподи.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt