Успешна трансплантација на вештачко срце

Таа е првото лице во Калифорнија на кое му е пресадено експериментално вештачко срце. Срцето е одобрено за клинички испитувања од страна на ФДА, но неговата употреба е се’ уште ограничена.

Привременото вештачко срце (Total Artificial Heart) од „SynCardia“ е помала верзија на претходното поголемо вештачко срце чија употреба беше дозволена во 2004 година и е искористено кај повеќе од 1.440 пациенти низ светот. Дизајнирано е за употреба кај помали пациенти – односно повеќето жени, некои помали мажи и адолесценти, кај кои и двете страни на срцето не пумпаат доволно крв за да го одржат телото во живот. Ова вештачко срце обезбедува механичка поддршка додека да се најде соодветен донатор на срце.


Две недели по трансплантацијата на вештачкото срце, Нема Кахала била доволно силна за да биде ставена на листата за трансплантација на срце. По една недела, бил пронајден донатор. Во моментов, успешно се опоравува во својот дом и со својата фамилија.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.