Овој викенд, од 21-ви до 22-ри март на ноќното небо ќе имаме можност да видиме два големи небесни настани – сина месечина и опозиција на Марс.
Како што може да претпоставите, сината месечина не е навистина сина. Таа може да ни изгледа сино од Земјата поради честичките прашина во атмосферата како резултат на вулкански ерупции или пожари, кои ја расејуваат светлината. Но, оваа сина месечина нема никаква врска со тоа. Всушност, како што објаснува Брус МекКлур на „Earthsky.org“, постојат две дефиниции за сина месечина.
Традиционално, сина месечина значи третата месечина од сезона со четири полни месечини – сезоната тука е дефинирана како временскиот период помеѓу солстициј (краткоденица и долгоденица) и рамноденица, или обратно.
Обично имаме само три полни месечини во една сезона, па така кога имаме една дополнителна, таа претставува сина месечина и е ретка појава. Последен пат имавме сина месечина во август 2013 година, а следната ќе се случи на 31 јануари 2018 година.
Во поново време, се појави уште една дефиниција за сината месечина, а тоа е втората полна месечина во ист календарски месец. Но, дефиницијата за четвртата месечина во сезоната е веќе вкоренета во историјата, па поверојатно е да се придржуваме до неа.
https://www.youtube.com/watch?v=_AW3VMjWOQc
Што ја предизвикува сезонската сина месечина?
Во двата случаи, сината месечина е календарска необичност предизвикана од 19-годишниот Метонски циклус. Има 235 полни месечини во 19 календарски години, а само 228 календарски месеци (или 76 три месечни сезони). Затоа, неизбежно е 7 од 19 години да имат две полни месечини во еден календарски месец и 7 од 19 години да имаат четири полни месечини во една сезона.
Значи, ова е причината поради која имаме екстра полна месечина овој викенд, почнувајќи од 21-ви мај (сабота) од 21 часот и 14 минути при што ќе може да се види од целиот свет.
На 22-ри мај (недела), Марс ќе биде во опозиција што значи дека Земјата ќе поминува директно помеѓу Марс и Сонцето поради што се очекува да биде исклучително светол и црвен и ќе може да се види од Земјата во текот на следните неколку недели. Околу една недела по опозицијата, Марс ќе се наоѓа најблиску до Земјата на растојание од 75,3 милиони километри, што ќе претставува најголемо доближување на Црвената Планета до нашата Земја од 2013 година.